Цукерберг ќе отпушта 11.000 вработени

- Advertisement -

Компанијата Meta или поранешен Facebook ќе отпушта дури 11.000 вработени или 13% од својата работна сила. Тоа е еден од најголемите групни откази во текот на оваа година, а е резултат на се поголемите трошоци на нивниот проект за развој на мета универзумот.

Масовниот отказ, кој се случува по прв пат во 18 години постоење на Meta, е уште еден во низата откази кои се случуваат во други големи технолошки компании, вклучувајќи ги и Twitter и Microsoft Corp.

- Advertisement -

Бумот кој се случуваше во растот на технолопките компани и нивната вредност се претвори во крах во текот на оваа година како резултат на највисоката инфлација во последните неколку децении и се повисоките каматни стапки.

„Не само што онлајн трговијата се врати на претходните трендови, туку падот во макроекономијата, се поголемата конкуренција и забавениот раст на пазарот за рекламирање ни ги намалија приходите многу повеќе отколку што очекував. Јас погтрешив и преземам одговорност за тоа“ изјави Цукерберг.

- Advertisement -

Компанијата планира да скрати и на други непотребни трошоци и да ги замрзне идните вработувања во текот на првиот квартал. Но, не прецизираше на кои региони ќе се однесува тоа и колку ќе се заштеди со оваа мерка.

Meta на отпуштените работници ќе им плати 16 недели основна плата и две дополнителни недели за секоја година што работеле во компанијата, како и остатокот од отпремнината, изјавија од компанијата.

- Advertisement -

Мета на крајот на спетември годинава имаше 87.314 вработени.

(Reuters)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -