Луѓето со парализа на говорот можат повторно да зборуваат благодарение на вештачка интелигенција

- Advertisement -

Се сеќавате ли како комуницираше легендарниот Стивен Хокинг со помош на неговиот посебен стол со екран? Тоа беше мозок-компјутер интерфејс (BCI), односно уред кој овозможува човек да комуницира со помош на сигнали од мозокот.

Има околу 70 милиони луѓе во светот кои имаат пореметувања на говорот. Што ако за сите нив постои еден таков интерфејс кој ќе им помогне да зборуваат или барем да спелува зборови? Тим од истражувачи на Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско работи на револуционерен уред кој ќе има слична функција.

- Advertisement -

Тие создале неуропростетика, односно тип на уред кој може да поврати некои изгубени функции на нервниот систем, кој ги анализира мозочните активности на корисниците со парализа на говорот. Уредот потоа ги преведува мозочните сигнали во букви и спелува реченици на екран. Потоа ги чита речениците.

За да разбереме како функционира еден таков систем мора да знаеме дека ова не е единствениот тип на неуропростетика. Некои системи мозок-компјутер се фокусираат на замислени движења на рацете или на телото за да се открие пораката што сака да ја пренесе корисникот.

- Advertisement -

Сепак, овој нов систем има предности во однос на другите затоа што декодирањето на природните напори на човекот да зборува дикренто се претвораат во текст или говор на побрз или поприроден начин.

Едно истражување од 2021 година во кое биле вклучени 28 возрасни луѓе кои страдале од пореметување на говорот покажало дека неуропростетиката која спелува зборови е префериран метод на комуникација наспрема неуропростетиката базирана на движења на рацете.

- Advertisement -

Сепак, новиот BCI може да декодира мозочна активност поефикасно со процесирање на над 1.000 зборови. Со тоа се опфатени речиси 85% од содржината во нормалните реченици на англиски јазик и е ефективен начин на секојдневна употреба на технологија за помош во комуникацијата.

Уредот функционира така што прво се претвораат сигналите добиени од мозокот во фонетички букви и потоа се спелуваат на екранот како целосни реченици.

Студијата е објавена во весникот Nature Communications.

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -