Џонсон Мети го произведе 120-милиониттиот производ во Скопје

- Advertisement -


Џонсон Мети Македонија го произведе и испорача 120-милиониттиот производ (катализатор) на глобално ниво. Од своето лансирање во 2009 година, Џонсон Мети во Скопје прерасна во место каде што нивните производи се достапни во повеќе од 40 земји во Европа. Секое трето тешко или лесно возило во Европа има парче произведено во Северна Македонија. Ова извонредно достигнување претставува значајна пресвртница во производството.

„Спасуваме животи со производите кои ги произведуваме. Горди сме што 120 милиони парчиња поминаа низ нашите раце, подобрувајќи го квалитетот на воздухот за сите“, вели Харис Бајрами, вработен во одделот Производство.

- Advertisement -

Ние го прилагодуваме нашето работење на тековните економски предизвици за да продолжиме да ги задоволуваме потребите на нашите клиенти и да ја одржуваме понудата на нашите производи и услуги. Иако е предизвик, успеавме да испорачаме навремено и по највисоки можни стандарди. Ако продолжиме да даваме приоритет на безбедноста, да работиме паметно и како тим за да ги поддржиме нашите клиенти, тогаш ќе имаме многу повеќе пресвртници и многу повеќе прилики за прослави“, вели директорот на Џонсон Мети, Боријан Борозанов.

За да го одбележи ова достигнување, тимот на Џонсон Мети одлучи да ги донира предвидените средства за прослава на Училиштето за деца и млади со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје. Вработените сакаат да го дадат својот дел за да им олеснат на малите деца со оштетен вид полесно да се движат во нивната околина во безбедна средина. Компанијата ќе продолжи да дава поддршка за да им го осветли патот на овие деца кон нивниот успех и да им овозможи да напредуваат во свет со видлив поглед.

- Advertisement -

Британската компанија Џонсон Мети ја користи науката за да создаде почист, поздрав свет. Тие се светски лидер во производство на катализатори за автомобилската индустрија и системи на катализатори за контрола на загадувањето. Џонсон Мети работи во над 30 земји ширум светот и вработува повеќе од 15 000 луѓе. Една третина од сите нови возила ширум светот имаат катализатори од Џонсон Мети.

Џонсон Мети ја одбра Северна Македонија како дестинација за својата европска мега-фабрика за автокатализатори во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Ова е најголемиот инвестициски проект, а воедно и најсофистицирана и најнапредна фабрика на Џонсон Мети во светот и компанијата е најголем извозник од Северна Македонија. Џонсон Мети минатата година ја затвори со 1.696 милиони евра увоз и 1.850 милиони евра извоз. Џонсон Мети во Северна Македонија вработува повеќе од 1.000 луѓе.

Сподели!
- Advertisement -