Кина направи напреден радарски систем кој ќе им го дава на пријателски земји

- Advertisement -

Кина има нов моќен радарски систем кој може да детектира непријателски сателити и сега им го нуди на пријателски земји. Но, не наведуваат кои земји ги сметаат за пријателски.

Радарскиот систем се вика SLC-18 и е радар за активно електронско скенирање, а изминатата недела беше изложен на изложбата China International Aviation and Aerospace Exhibition во Жухаи во провинцијата гуангдонг. Радарот го развива државната компанија China Electronics Technology Group Corporation (CETC).

- Advertisement -

„Радарот обезбедува релативно економичен основен мониторинг на вселенски таргети кој ќе им служи на пријателски земји. Ќе им овозможи да внимаваат на сателити во ниската орбита“ велат од CETC. Новиот систем, како што наведуваат оттаму, е опремен за да следи констелации од сателити во ниската орбита кои се состојат од стотици сателити во различни орбити.

„Нашиот радар може да детектира сателити на растојание и може да идентификува и да ги категоризира за да формира датабаза која ќе и помогне ан другата опрема да реагира соодветно“ додаваат од СЕТС.

- Advertisement -

Ако се постават на вистинската локација, збир од SLC-18 радари може да ги следи сите сателити во одреденрегион и да предвиди доаѓање на други, со што на луѓето на Земјата им се дава време да реагираат и да преземат соодветни мерки.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -