Безос сака да донира најголем дел од своето богатство

- Advertisement -

Основачот на Amazon, кој еден период беше најбогат човек во светот, најави дека во текот на својот живот ќе донира најголем дел од своето богатство. Тој денес има над 120 милијарди долари, а неговото богатство е врзано за акции во Amazon, чија вредност во текот на последната година е во постојан пад.

Како што открива, Безос сака да се посвети, односно да го насочи своето богатство во борбата против климатските промени. Исто така, дел од парите сака да им даде на поединци кои можат да ги обединат луѓето во ова време на социјални мрежи и политички поделби.

- Advertisement -

Една од тие личности е ѕвездата на кантри музиката, Доли Партон, на која Безос сака да и даде дури 100 милиони долари во склоп на наградата која ја доделува на активисти и хуманитарни активисти, кои сакаат да решат некои од најголемите светски проблеми.

Безос досега честопати беше критикуван затоа што за разлика од многу богаташи, не ја поддржа непрофитната организација Giving Pledge, која ги поттикнува милијардерите на донирање на најголем дел од своето богатство во хуманитарни цели. Минатата недела во интервју за CNN, /безос го најави токму тоа – донирање на своето богатство.

- Advertisement -

Безос не откри детали, односно на кои органиации ќе им донира пари, а не зборуваше ни за сумите кои ќе ги донира. Тој претходно веќе најави дека во текот на наредната деценија ќе донира 10 милијарди долари на својот фонд Bezos Earth, чии приоритети, меѓу другото, се намалување на карбонскиот отпечаток на индустријата за цемент и челик, развојот на технологии за следење на емисијата на стакленички гасови и сл.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -