4.8 C
Skopje
вторник, ноември 29, 2022

Intertec.io ќе биде домаќин на InterHack хакатон

Kabtel desktop

На 3 и 4 декември Intertec.io ве повикува да учествувате во InterHack, 48 часовен хакатон,  што ќе се случува во просториите на Intertec.io во Скопје.

Се работи за дводневен предизвик каде ќе имате можност да ги примените своите вештини и знаење развивајќи проекти во Blockchain и Machine Learning технологиите за било која индустрија.

Кој може да се пријави? 

Хакатонот е отворен за сите креативни индивидуалци и тимови кои имаат познавања или искуство во развој на софтвер и имаат желба да работат со blockchain и machine learning технологиите.

Како да се пријавите? 

Сите заинтересирани може да се пријават како индивидуалци или тимови од 3 до 5 членови на следниот линк. Рокот за аплицирање е до 30 ноември. 

Зошто да се пријавите? 

  • Менторски сесии со експерти од полето на blockchain и machine learning.
  • Можност за дружба со луѓе кои ги делат истите интереси и пасија кон blockchain и machine learning.
  • Награден фонд од 1000 евра за победничкиот тим.
  • Многу изненадувања за сите учесници.

Повеќе детали и информации за хакатонот, може да прочитате на следниот линк.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!