Американски научници постигнаа нови успех во борбата против ракот и се надеваат дека ќе можат да проектираат Т-клетки кои не само што ќе ја препознаат мутацијата на ракот, туку ќе бидат поактивни во близина на тумори. Тие успеале да ја искористат алатката CRISPR за уредување гени за промена на имунолошките клетки за тие да препознаваат мутирани протеини кои се специфични за туморите кај одредени лица. Тоа го покажаа резултатите на клиничката студија спроведена на мал број лица. Тие клетки потоа можат безбедно да се ослободат во телото за да ги пронајдат и да ги уништат туморите.
Станува збор за првиот обид за комбинирање на две подрачја во истражувањето на ракот: уредување на гените за создавање персонализирани третмани и инженеринг на имунолошки клетки (Т-клетки) за подобро да ги таргетираат туморите. Пристапот е тестиран на 16 лица со цврсти тумори вклучувајќи тумори на дојка и на дебело црево.
Тоа веројатно е најсложената терапија кога било испробана во клиничко истражување. Се обидуваме да направиме армија од сопствени Т-клетки кај пациентите, вели коавторот на студијата, Антони Рибас, кој е експерт за рак и доктор на Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес.
Резултатите од тоа истражување се објавени во списанието Nature. рибас и неговите колеги почнале со секвецирање на ДНК од примероци крв и биопсија на тумори за да бараат мутации кои се наоѓаат во туморите, но не и во крвта. Тоа морало да се направи за секое лице што учествувало во истражувањето. Мутациите се различни кај секој рак. Иако постојат некои заеднички мутации, тие се многу малку, додава Рибас.
Научниците потоа употребиле алгоритми за предвидување на тоа кои мутации би можеле да предизвикаат одговор од Т-клетките (вид на бели крвни зрнца кои патролираат низ телото во потрага по погрешни клетки). Ако Т-клетките видат нешто што не изгледа нормално, тие го убиваат. Но, кај пациентите кои ги гледаме по клиниките во реалноста во многу случаи имунолошкиот систем ја изгубил битката и туморот растел, вели Стефани Мандл, водечка авторка на студијата.
Посе низа истражувања авторите на студијата дизајнирале протеини кои се нарекуваат Т-клеточни рецептори, кои се способни да ги препознаат мутациите на тумориНа сите 16 учесници во студијата им биле давани до три различни мети. Секој од нив добил проектирани вселенски Т-клетки, до три различни мери.
(Scientific American)