Не фрлај. Е-циклирај

- Advertisement -

Природата сама по себе, не создава отпад. Се што во неа расте и се развива, има природен кружен процес на враќање назад во самата природа и одново растење и создавање живот.

Низ своето постоење, човештвото создаде систем на линеарна економија, каде за производство на производи и услуги се користат суровини кои подоцна не се обновуваат. Односно, речиси и да нема повторна употреба, намалување на материјалите, рециклирање или макар обновување на овие суровини. Резултатот на линеарната економија се големи количини на отпад кој се акумулира на планетата и има неповратни негативни последици врз животната средина.

- Advertisement -

Циркуларната економија е алтернативно решение за сегашната линеарна економија, односно модел кој се заснова на принципите на активно планирање на отпадот, одржување на производите и материјалите подолго време во употреба и регенерирање на природните системи. Производителите се охрабруваат да направат производи кои се потрајни и лесни за поправка, повторно производство и повторна употреба, со што не само крајниот производ, туку и неговите компоненти и суровините од кои е направен ќе можат да бидат рециклирани, реобновени и повторно искористени. Преминот кон циркуларна економија ќе има низа придобивки за економијата, нашата животна средина и за луѓето – намалување на притисокот врз природните ресурси, подобрување на сигурноста на снабдување со суровини, стимулирање на иновации и поттикнување на економски раст се само дел од бенефитите кои ги нуди циркуларната економија. На потрошувачите пак, ќе им бидат обезбедени потрајни и иновативни производи кои ќе бидат подобри и ќе им заштедат пари на долг рок.

Рециклирањето на електричен и електронски отпад е дел од концептот на циркуларна економија, кој се повеќе се развива и применува. Поголем дел од отпадот од електрични и електронски апарати завршува во депониите како комунален отпад. Овој вид отпад во својот состав содржи олово и други токсични елементи, кои можат да предизвикаат загадување на животната средина, а имаат и штетно влијание врз здравјето на луѓето.

- Advertisement -

Она што треба да се знае е дека технички, речиси 100% од електричниот и електронски отпад може да се рециклира!

Компанијата Екон Електрон како компанија која одговорно се бави со безбедно селектирање и рециклирање на електричен и електронски отпад, нуди низа информации околу целиот процес на рециклирање на овој тип на отпад, од кој можете да се ослободите на некое од собирните места за мали апарати и уреди на Екон Електрон низ целата држава. Тие нудат и бесплатно преземање на големи апарати и уреди од отпадна електрична и електронска опрема на територијата на Град Скопје, за кое може да пополните онлајн форма за преземање на електронски отпад или да се јавите на нивните контакт телефони отворени за граѓаните.

- Advertisement -

Бидете одговорни кон себе и кон животната средина, ослободете се од токсичниот отпад!

Сподели!
- Advertisement -