Илон Маск ги затвори канцелариите на Twitter откако стотици вработени дадоа отказ

- Advertisement -

Канцелариите на Twitter беа затворени вчера откако стотици вработени одбија да го прифатат ултиматумот на Илон Маск за хардкор ресетирање на компанијата и си дадоа отказ, пренесува Business Insider. Се очекува канцелариите повторно да бидат отворени на 21 ноември.

Пред две недели канцелариите на Twitter останаа затворени откако Маск отпушти од работа половина од вработените во компанијата, а за тоа беа известени преку имејл.

- Advertisement -

Од тие што беа задржани на работа стотици сами си дадоа отказ вчера откако Маск им испрати имејл во кој од нив побара да работат прекувремено и да покажат несекојдневни перформанси. Маск им даде рок до 17 часот вчера да пополнат формулар за согласност, но не очекуваше дека толку голема бројка ќе си замине од компанијата.

Twitter имаше 2.900 вработени откако Маск отпушти половина од работната сила, а како што изјавиле некои од вработените за The Verge, толку многу луѓе си заминале после првото масовно отпуштање што олчекуваат многу набрзо да се сруши целата социјална мрежа. Поранешниот потпретседател на Twitter, Брус Деизли, за BBC изјавил дека инженерите предвидуваат оти платформата ќе се сруши до понеделник.

- Advertisement -

Според поранешни вработени во Twitter, се проценува дека сега компанијата има помалку од 2.000 вработени.

Вчеравечер Маск напиша на Twitter дека не е премногу загрижен за заминувањето на вработените затоа што најдобрите луѓе се уште се во компанијата, но исто така се работи на вработување нови луѓе

- Advertisement -

Времето ќе покаже дали Twitter може да се справи со масовните откази или ќе се бори да ја одржи компанијата во живот.

(Interesting Engineering)

(фото: newsprima.it)

Сподели!
- Advertisement -