Турски „Текнопанел“ ќе гради фабрика во ТИРЗ Скопје

- Advertisement -

Турската високотехнолошката компанија „Текнопанел“  ќе инвестира 20 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје 1 со површина од 54.000 квадратни мерки во кој ќе се произведуваат најсовремени сендвич панели.

Договорот за инвестицијата ќе биде потпишан денеска, а претходно ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски и директорот на ТИРЗ Јован Депотовски. Потоа ќе следи презентација за инвестицијата од претставниците на раководството на „Текнопанел“.

- Advertisement -

Компанијата е еден од најголемите извозници во Турција и на листата од 500 водечки индустриски компании во земјата. Има четири фабрики во Турција во Мерсин, Измир, Сакарија и Истанбул.

Одлуката за инвестиција е постигната лани во јули на средба во Истанбул меѓу директорот на ТИРЗ Деспотовски и менаџментот на компанијата.

- Advertisement -

Според инвестицискиот план,„Текнопанел“ ќе отвори 120 нови работни места во својот капацитет во ТИРЗ Скопје. Се очекува компанијата во следните 10 години во земјава да вложи вкупно 150 милиони евра.

Извор – Независен

Сподели!
- Advertisement -