Ford: За производство на електрични автомобили ни требаат 40% помалку работници

- Advertisement -

За производство на електрични автомобили потребни се 40% помалку работни места отколку за производство на бензинци, иако дел од работните места може да се спасат со производство на повеќе делови внатре во самата компанија, изјави шефот на американскиот производител на автомобили, Ford.

„За изработка на електрични автомобили потребно е 40% помалку работа, па мораме сами да произведуваме делови за да можеме сите да бидеме вклучени во растот“ изјави Џим Фарли на конференција за автомобили во Детроит.

- Advertisement -

Електричните возила имаат помалку делови од традиционалните. Американскиот синдикат United Auto Workers, кој претставува околу 400.000 работници, наводно во 2018 година проценил дека за премин кон електрични возила мора да се згаснат 35.000 работни места.

Во август годинава американскиот гигант отпушти 3.000 постојано вработени и работници со договори на определено време и тврдеше дека неговата структура на трошоци не е конкурентна во споредба со другите производители. На крајот на минатата година Ford имаше 183.000 работници.

- Advertisement -

Ford сака до 2030 година да осигура половина од уделот на глобалниот пазар на електрични возила. Во октомври тие известија дека во однос на минатата година ја зголемиле продажбата повеќе од дупло.

Ford неодамна ги здружи силите со производителот на батерии SK Innovation на изградбата на фабрика за батерии во САД. General Motors, пак, се здружи со компанијата LG Chem.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -