Како што соопштија од НАСА за BBC, извесно е дека луѓето ќе имаат прилика да живеат на Месечината уште во текот на оваа деценија. Хауард Ху, водител на програмата за лунарното летало Orion, изјави дека станиците на Месечината ќе бидат потребни за поддршка на идните мисии.
Ху порача дека лансирањето на ракетата Artemis, која го носи Orion, а се случи пред неколку дека, е историски ден за летовите во вселената. Orion моментално е оддалечен околу 134.000 км од Месечината.
„Тоа е првиот чекор кој го преземаме во долгорочното истражување на вселената, не само за САД , туку за цел свет. И не мислам дека ова е историски ден само за НАСА, туку и за сите луѓе кои сакаат да летаат во вселената и да ја истражуваат. Се враќаме на Месечината. Работиме на одрлива програма и ова е возилото кое ќе ги превезува луѓет кои ќе не вратат на Месечината“ изјави Ху.
Тој објасни дека ако овој лет на Artemis биде успешен, наредниот ќе биде со екипаж, после што ќе следува третиот лет, каде што астронаутите повторно ќе слетаат на Месечината по прв пат после Apollо 17 во декември 1972 година.
Ху призна и дека следењето на оваа мисија од Земјата е како да се загрижени родители, но вели дека фотографиите и видеата кои ги испраќа Orion навистина поттикнуваат таква возбуда.
Една од најкритичните фази на мисијата Artemis е безбедното враќање на модулоот Orion на Земјата. Повторно ќе влезе во атмосферата на Земјата со брзина од 38.000 км/ч или 32 пати побрзо од брзината на звукот, а штитот на долната страна ќе биде изложен на температури од околу 3.000 степени Целзиусови.
Откако ќе бидат тестирани и докажани компонентите и системите на Artemis, Ху вели дека планот е луѓето да живеат на Месечината до крајот на оваа деценија/ Една од причините за враќањето на Месечината е да се открие дали има вода н јужнот пол, затоа што тоа може да биде гориво за леталата кои одат подлабоко во вселената.
„Ќе испратиме луѓе на површината и тие ќе живеат таму и ќе се занимаваат со наука. За нас ќе биде многу битно да научиме да живееме надвор од орбитата на Земјата и да направиме уште поголем чекор кога ќе стапнеме на Марс“ објасни Ху.
Капсулата Orion треба да се врати на Земјата на 11 декември.
(Klix.ba)
(фото: NASA)