ВИДЕО: Лебдечка врата која не прави никаков звук кога се отвора или затвора

- Advertisement -

Калифорниската компанија Hover Doors користи трајни магнети за поместување на тешки лизгачки врати кои орбитираат на шините за супер тихо отворање и затворање.

Од компанијата велат дека оваа технологија е прва во светот, иако веќе некое време се присутни маглев врати на компании како Olidea. Клучната разлика се трајните магнети кои ја држат вратата да виси во секој момент.

- Advertisement -

Се што е базирано на електромагнетни ќе извлекува струја се додека вратата лебди и веројатно ќе се спуштат во случај на прекин на струја. Hover Doors вратите пак немаат проблеми поради трајните магнети, како што можете да видите од видеото. 

Во план на Hover Doors е оваа технологија да се најде во бројни видови врати за куќи, станови, соби, балкони и канцеларии, а исто така сакаат да направат и водоотпорни врати за туш кабини и купатила.

- Advertisement -

Засега уште не е познато кога лебдечките врати ќе почнат да се продаваат и по која цена.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -