Соларна фарма која како сончоглед го следи сонцето

- Advertisement -

Иновативна соларна фарма изградена во Холандија извлекува максимум од сонцето. Имено, португалската компанија Solaris Float ја направи фармата Proteus, која всушност е кружен остров од соларни панели кои лебдат на вода и генерираат обновлива енергија.

Овој прототип може да се постави на езера, резервоари или крајбрежни делови, со што потенцијално ќе се решат многу проблеми кои ја мачат соларната технологија.

- Advertisement -

Иако пловечките соларни фарми постојат од 2008 година, Proteus прави нешто што никој од конкурентите не може. Соларните панели на оваа фарма можат прецизно да го следат сонцето како што се движи и максимално да ја искористат енергијата што ја испушта. Годинава таа фарма беше финалист за наградата е European Inventor Award.

Името го добила според грчкиот бог на морето кој ја предвидува иднината, а е висока 38 метри и е составена од 180 двострани панели. Поставена е на езерото Оствоорнсе во југоисточниот дел на Холандија.

- Advertisement -

Во сончеви денови фармата може да произведе околу 73 киловати енергија. Но, благодарение на двооскените соларни панели и уникатната технологија за “бркање” на сонцето може да се генерира 40% повеќе енергија отколку со обични панели на копно.

Други бенефити на овој дизајн се што ладната вода го подобрува генерирањето енергија, како и тоа што не зафаќа земјиште, што е идеално за земји кои се многу густо населени,како што се Јапонија и Холандија.

- Advertisement -

(Euro News)

Сподели!
- Advertisement -