1.8 C
Skopje
петок, февруари 3, 2023

Нова хибридна батерија за електрични возила се полни за само 72 секунди

Kabtel desktop

Нова технологија за батерии која ја разви швајцарскиот стартап Morand ќе овозможи електричните возила во иднина да се полнат за многу пократко време отколку што е потребно за да се наполни со гориво еден мотор со внатрешно согорување на бензинска пумпа.

Со новата технологија електричните автомобили ќе се полнат за само 72 секунди. Технологијата е хибриден систем кој е комбинација од традиционални батерии и ултракондензатори.

Според Американскиот институт за горива, просечното време потребно за да се наполни едно возило со мотор со внатрешно согорување е 2 минути. Новиот систем за електрична хибридна батерија, кој се вика eTechnology, речиси го преполовува тоа време, што значи дека ќе биде пресуден за уште побрзо прифаќање на електричните возила.

Како што велат од Morand, друг бенефит од eTechnology е фактот дека има многу подолг животен век отколку традиционалните литиум-јонски батерии кои се користат во електричните возила.

Компанијата Morand е основана од страна на поранечниот возач на Формула 1, Беноа Моран, кој играше многу битна улога во развојот на првиот хибриден прототип – Hope Racing Oreco 01 Hybrid – кој возеше нан 24-часовната трка Ле Ман пред повеќе од десет години. Целта на компанијата е да се применуваат технологиите развиени за тркачки автомобили во обичните автомобили. Од стартапот потврдија дека во текот на рестирањето успеале да ја наполнат новата батерија до 80% за само 72 секунди, до 98% за 120 секунди и до 100% за 2 и пол минути.

Од Morand велат дека нивниот прототип на eTechnology го тестирале над 50.000 циклуси и тврдат дека технологијата покажува потенцијал за задржување на моќноста многу повеќе циклуси отколку традиционалните литиум-јонски батерии. Исто така, велат дека технологијата функционира ефикасно и на екстремни температури, што не е случај со другите батерии за електрични возила.

(Interesting Engineering)

(фото: Pxhere)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!