Јавен повик за финансиска поддршка на процесите за дигитализација во компаниите

- Advertisement -

Комисијата за финансиска поддршка на процесите за дигитализација во компаниите, како заедничко работно тело на Стопанската комора на Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија и Хелветас Швајцарска Интеркооперација со Подружница во Скопје, распиша јавин повик за финансиска поддршка на процесите за дигитализација во компаниите.

Јавниот повик трае до 28.2.2023 година, а поднесувањето на апликациите е во две фази. Првата фаза започнува на 25.11.2022 и завршува на 31.12.2022 година, а втората фаза започнува на 1.1.2023 година, а завршува на 28.2.2023 година. Со овој јавен повик се обезбедува финансиска поддршка до 50 % од подобните трошоци за финансирање на инвестицијата во примената на деловниот софтвер SAP, а максималниот износ за поединечен корисник, компанија е до 18.400.000,00 (осумнаесет милиони и четиристотини илјади) денари.

- Advertisement -

Со финансиска поддршка во имплементирањето на современите дигитални решенија – САП во македонските компании, градејќи концепт на “Интелигентно претпријатие” (Intelligent Enterprise), решенија кои ги следат најновите трендови на компаниите од сите дејности и се светилник во ерата на дигиталната трансформација, трите партнери ќе дадат свој активен придонес и силно ќе влијаат на продуктивноста, на зголемување на ефикасноста, на вработувањата и ефективноста во бизнисот.

Со издвојување на сопствени средства за финансиска поддршка во имплементирањето на современите дигитални решенија – САП, Стопанската комора на Северна Македонија повторно ја верификува својата основна цел, целосно да се ориентира спрема компаниите, помагајќи им во зголемувањето на нивната конкурентност.

- Advertisement -

Содржината на Јавниот повик и потребната документација е на следниот ЛИНК.

Фото – Free Range Stock

Сподели!
- Advertisement -