Вселенското летало Orion го собори рекордот на Apollo 13

- Advertisement -

Капсулата Orion на американската вселенска агенција НАСА во текот на викендот постави рекорд за најдалечно патување со летало наменето за транспорт на луѓе. Orion во склоп на мисијата Artemis 1 на НАСА постави рекорд така што во саботата вселенското летало отпатувало подалеку од кое било вселенско летало наменето за патување на астронаути. Со тоа е соборен текордот кој го постави мисијата Apollo 13 уште во 1970 година. Orion во саботата беше оддалечен 401.798 км од Земјата.

„Мисијата Artemis 1 е осмислена за да се тестираат системите на Orion, а установивме дека оддалечената ретроградна орбита е добар начин да го направиме тоа. Се покажа дека со таа голема орбита над Месечината успеавме да го надминеме рекордот на Apollо 13. Она што е уште побитно е поместувањето на границите на истражување и испраќање на вселенски летала подалеку отколку кога било претходно“ изјави Џим Гафре, менаџер за интеграција на вселенското летало Orion.

- Advertisement -

Рекордот на мисијата Apollo 13 не бил планиран, туку бил забележан откако бил променет планот за враќање на командниот модул Odyssey, кој достигнал оддаалеченост од 400.171 км од Земјата. Ограничената количина кислород во лунарниот модул Aquarius ја присилила НАСА да го забрза враќањето на Apollо 13 на Земјата, така што бил направен план на лет кој ја искористил гравитацијата околу Месечината за да го исфрли модулот кон Земјата. Итниот план го направил Артуро Кампос, кој овозможил враќање на астронаутите Џим Ловел, Џек Свиџет и Фред Хаисе на Земјата.

Враќањето на Orion се очекува на 11 декември. Леталото ќе падне во океан кај брегот на Сан Диего.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -