И покрај инфлацијата, Американците онлајн потрошија рекордни 9 милијарди долари за Black Friday

- Advertisement -

Американските потрошувачи потрошија рекордни 9,12 милијарди долари онлајн овој Black Friday. И покрај високата инфлација, Американците ги искористија големите попусти на се – од смартфони до играчки. .

Според податоци на Adobe Analytics, oнлајн потрошувачката тој ден пораснала за 2,3% затоа што потрошувачите се воздржат да не ги трошат своите пари на зделките кои почнаа уште во октомври.

- Advertisement -

Adobe Analytics ја мери е-трговијата со анализа на трансакциите на веб страници и има пристап до податоци за 85% од топ 100 интернет трговци во САД.

Експерти на Adobe велат дека Cyber Monday ќе го надмине и овој Црн петок по продажбата и ќе достигне 11,2 милијарди долари.

- Advertisement -

Американците најмногу ги користеле смартфоните за да купуваат онлајн – податоците на Adobe покажуваат дека мобилниот шопинг претставува 48% од вкупната дигитална продажба на Black Friday.

(Reuters)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -