Meta развива вештачка интелигенција која размислува како човек

- Advertisement -

Цукерберг со години работи на развојот на вештачка интелигенција. Тој со неговата компанија Meta развиваат различни видови вештачка интелигенција кои сакаат да ги вградат во иднитие производи на Metа. Така настанал и Cicero.

Станува збор за вештачка интелигенција која, како што велат од Metа, владее си вептини слични на човечките. Cicero е толку добар во тоа што го прави што при тестирањето со популарната стратешка игра Diplomacy оствари дупло поголем просечен резултат отколку луѓето играчи.

- Advertisement -

Имено, Cicero успешно го совлада она што досега беше голема пречка во развојот на вештачка интелигенција – научил да размислува како човек. Во превод, тоа значи дека знае да направи сложени планови, да прилагоди стратегија, да користи природен јазик за да се договори со другите, да ги увери да формираат партнерства и сојузи, но научил и да блефира.


Како што појаснуваат на официјалниот блог, развиле нови техники на две целосно различни полиња на истражување на вештачката интелигенција – стратешко размислување и обработка на природен јазик. Cicero може да носи заклучоци, на пример, дека подоцна во играта ќе им треба поддршка од еден одреден играч, а потоа да осмисли стратегија за добивање наклоност од таа личност, па дури и да ги препознае ризиците и приликите кои тој играч ги гледа од своето гледиште, појаснуваат од Metа.

- Advertisement -

Но, признаваат дека Cicero не е совршен и мора уште многу да учи за да може навистина да ги разбере сите нијанси на дипломатијата, односно преговарањето со другите. Затоа одлучија да објават отворен код за Cicero и ги повикаа другите истражувачи да го доработат.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -