Франција го легализираше правото на вработените да бидат досадни

- Advertisement -

Ако сте им досадни на колегите на работа, во Франција сега имате легално право да бидете такви. Тоа е возможно откако Врвховниот касационен суд пресуди дека еден работодавец ги прекршил правата на еден вработен затоа што го отпуштил од работа со оправдани дека не бил доволно забавен на работа.

Човекот, кој во медиумите се споменува само како господин Т, победи во судскиот спор против консултантската компанија Cubik Partners од Париз, која инаку работи под мотото „Забавно и професионално“. Пресудата беше објавена оваа недела.

- Advertisement -

Човекот добил отказ во 2015 година, а како причина за отказот била наведена нговата професионална неадекватност. Имено, тој не сакал да учествува во тим билдинг настаните со колегите, а на судот како аргумент за тоа навел дека за него постои поинаква дефиниција за забава.

Судот се сложил со господин Т и навел дека не се сите одушевени со присилното учество на семинарите и пијалаците на крајот на неделата, кои често завршуваат со прекумерен внес на алкохол. Во правна смисла, судот заклучил дека Cubik Partners го пркршиле темелното право на достоинство и почитување на приватниот живот на господин Т и не ја почитувале неговата слобода на изразување, која ја искористил одбивајќи да учествува во активностите на работа.

- Advertisement -

Судот го коментирал и мотото на компанијата и рекол дека таквата култура довела до понужувачка и наметлива пракса во врска со приватноста, како што се симулирани сексуални акти, обврската да се сели кревет со колегите за време на семинарите, користење прекари за означување на луѓето и ставање на деформирани и измислени фотографии во канцелариите. Со одлуката му се доделени и 3.000 евра на господин Т, со можност за дополнителни 461.000 евра отштета, ако се сложи судот.

(Index)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -