„Геслајтинг“ е збор на годината 2022 година!

- Advertisement -

Речникот „Меријам-Вебстер“ го избра зборот „геслајтинг“ (gaslighting) за збор на годината 2022, јавува „Еуроњуз“.

Главниот уредник на „Меријам-Вебстер“, Питер Соколовски изјавил дека зборот „геслајтинг“ бил пребаруван во текот на целата година. Вообичаено, како што рекол Соколовски, постои настан што ги поттикнува пребарувањата на одреден збор, а оваа година немало ниту еден настан да предизвика љубопитност за пребарување на овој збор.

- Advertisement -

„Интересот за овој збор особено се издигна во последните четири години, што дури и јас и многу од нас бевме изненадени. Зборот е пребаруван речиси секој ден во последната година“, изјавил уредникот.

Имено, зборот „геслајтинг“ реферира на форма на психолошка принуда што вообичаено се користи од страна на насилниците во односите.

- Advertisement -

Речникот „Меријам-Вебстер“ го дефинира како психолошка манипулација на личност, односно психолошко обезвреднување на една личност во однос на друга. Според речникот, психолошката манипулација „геслајтинг“ се случува во подолг временски период што ѝ предизвикува на жртвата да се запраша за вредноста на сопствените мисли, перцепција кон реалноста и своите сеќавања што обично води до конфузија, губење на самодовербата и самопочитта, несигурноста за во емоционалната и менталната стабилност.

Зборот „геслајтинг“ оживеа по повеќе од 80 години од истоимената драма на Патрик Хамилтон од 1938 година. Од оваа драма настанаа две филмски адаптации во 40-те години на минатиот век. Една од нив е филмот „Gaslight“ од режисерот Џорџ Кјукор во кој играа Ингрид Бергман и Чарлс Бојер.

Извор – Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -