Кина испрати лелтало со тројца астронаути на својата вселенска станица во рамките на првата ротација на екипаж во орбитатата во историјата на кинескиот истражувачки центар, со што почна операцијата за поставување на втората населена база во ниската орбита на Земјата после таа на НАСА на Меѓународната вселенска станица.
Вселенското летало Shenzhou-15 или „Божествениот брод“ со тројца астронаути беше лансирано од центарот за лансирање сателити Џиукван на северозападот на Кина. Shenzhou-15 е последната од 11 мисии, вклучувајќи ги и трите претходни мисии со екипаж, кои требаше да ја состават вселенската станица која ја нарекуваат „Небесна палата“ од повеќе модули.
Првата мисија беше лансирана во април минатата година. Тројцата нови астронаути ќе ја преземат должноста од екипажот на Shenzhou-14, кои стигнаа таму на почетокот на јуни. Се очекува дека претходните челнови на екипажот ќе се вратат на Земјата на почетокот на декември после еднонеделното примопредавање, со што исто така ќе се утврди способноста на станицата провремено да одржи шестмина астронаути, што е уште еден рекорд на кинеската вселенска програма.
Вселенската станица ја доби сегашната форма на буквата Т во текот на овој месец со доаѓањето на последниот од трите цилиндрични модули. Станицата има проектиран животен век од една деценија, а се очекува дека астронаутите кои ќе живеат во неа ќе направат над 1.000 експерименти – од одгледување растенија во вселената до однесувањето на течностите во микрогравитација.
Во склоп на мисијата Shenzhou-15 екипажот ќе живее и работи во вселенската станица во период од шест месеци.
(Zimo)
(фото: AFP)