Стопанската Комора промовираше Совет за развој на тренинг и обуки

- Advertisement -

Развојот на компаниите не зависи од големината, туку од организационата поставеност и човечките капацитети во компанијата кои придонесуваат за развој на компанијата и зголемување на извозниот потенцијал. Во сегашни услови не е можно да се биде конкурентен, во отсуство на образована и квалификувана работна сила, на стабилни и ефикасни институции, на соодветна инфраструктура и на структурни реформи. Стопанската комора како најголема бизнис организација не може повеќе да чека на решенијата на владините институции и самата наоѓа решенија како да му помогне на бизнис секторот.

Денес во хотелот „Александар Палас“ беше промовиран Советот за развој на тренингот и обуките кој е формиран во рамките на Комората чија основна цел е обезбедување стручен и квалификуван кадар со II, III и IV ниво на квалификации во согласност со потребите на бизнисот, и поврзување на понудата и побарувачката на работна сила со квалификации, вештини и практично искуство согласно на потребите на работодавачите.

- Advertisement -

Преку еден иновативен начин беше претставена работата на центрите во состав на Советот:

  • Берзата на труд – платформа за поврзување на училиштата и компаниите
  • Центарот за дуално образование
  • Центарот за преквалификација и доквалификацијa
  • Центарот за развој на тренингот и обуките          

Преку овие центри Советот си постави задача континуирано да ги идентификува и евалуира потребите на компаниите од кадар со специфични квалификации и да понуди на расположивиот кадар на пазарот на трудот адекватни стручни доусовршувања преку обуки, кои одговараат на актуелните потреби на компаниите. Ако не беа кризите, образованието ќе беше приоритет!

Сподели!
- Advertisement -