Дизел горивото поевтинува за два денари, а цената на бензините останува иста, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ). Со последната нивна одлука, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 отсто.
-Малопродажната цена на еуродизел се намалува за 2 денари за литар, а малопродажните цени на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство и на мазутот, не се менуваат, соопштија во РКЕ.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) ќе изнесува 84,5 денари за литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 останува 84,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму ќе се продава за 86,5, а Екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ-1) за 82,5 денари за литар. Цената на Мазутот М-1 НС останува 41,81 денари за килограм.