Почна апликација за вклучување на жените во климатско-интелигентно претприемништво и иновации

- Advertisement -

Повик за апликација во програмата за инкубација во рамките на проектот „Вклучување на жените од обесправените групи во климатско-интелигентно претприемништво и иновации“

SEEU Techpark i Фондацијата на Универзитетот на Југоисточна Европа, во рамките на проектот “Inclusion of Women from Disadvantaged Groups in Climate-Intelligent Entrepreneurship and Innovation” кој се имплементира во соработка со организацијата ХЕКИМА од Република Словачка, а која е ко-финансирана од СЛОВАК АИД програмата на владата на Република Словачка, отвори повик за прибирање на апликации за новата програма на инкубација.

- Advertisement -

Целта на програмата за инкубација

Проектот и програмата е наменета за стартапи, тимови и иницијативи кои се предводени од жени или имаат претежно женски тим. Фокусот на програмата се идеи во следната област: циркуларна економија, зелена економија, климатски интелигентни решенија, решенија за нула отпад, иновативно земјоделство, климатски интелигентно земјоделство, социјални иновации или друг одржлив и одговорен бизнис фокус.

- Advertisement -

Преку проектот, сакаме да придонесеме за промена на македонскиот технолошки и иновативен екосистем и да ја зајакнеме позицијата на жените како лидери на позитивни промени и економски напредок. Целта на програмата е да се придвижи кон зелената агенда и да се фокусира на инвестициони активности и бизнис идеи кои поддржуваат одржливост, циркуларност и зелени иницијативи. Фокусот е во вклучување на жените (особено од обесправените групи) во иновацискиот и технолошкиот сектор со фокус на климатската паметна и циркуларна економија.

Програмата за инкубација/акцелерација ќе ја зајакне позицијата на жените во македонската технолошка и иновациска индустрија и, преку видливоста на позитивните „модели на улоги“, ќе ги мотивира и охрабри младите жени во високото образование да најдат вработување или да се впуштат во ова полето на претприемништвото. Нашата програма за инкубација ќе ги развие талентите на жените и ќе понуди контрапункт на вообичаените родови стереотипи. Бидејќи нашата земја сè уште има традиционална поставеност на општеството, програмата се фокусира на теми околу рамнотежата помеѓу личниот и професионалниот живот и на тоа како да се справиме со стереотипите и двојните стандарди.

- Advertisement -

Преку нашата програма сакаме да допреме до целни групи преку овој отворен повик за аплицирање. Преку програмата сакаме да избереме 20 стартапи или иницијативи од апликациите кои ќе влегуваат во инкубацијата и ќе добијат обуки од реномирани експерти од државата како и од Република Словачка.

Програмата за инкубација ќе ги има следните фази:

  • Покана за пријавување на програмата (која е веќе во тек)
  • Избор на стартапи/иницијативи за програмата
  • Менторство и совети прилагодено

Најдобрите три идеи на крај ќе добијат:

  • Обука и менторство од национален и меѓународен експерт.
  • Seed-финансирање во износ од 4.000 евра
  • Можност да бидете дел од акцелераторската програма „700 акцелератор“
  • можност за вмрежување и пристап до инвеститорите

Исто така најмалку уште 7-8 други идеи во рамките на програмата ќе имаат можност да бидат дел од „700 Accelerator”, каде ќе можат да добијат инвестиции за нивните иде.

Краен рок за аплицирање е: 12 декември 2022 година, 23:59 часот.

Повеќе информации за повикот може да најдете на линкот: https://techpark.seeu.edu.mk/en/news-resources/latest-news?id=171

Во програмата можете да аплицирате со пополнување на апликацијата на линкот: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScYKm_ykeTZiyT7HfPcHIhen2DM3ctRleM1Kr36RXsWje0FCA/viewform

Сподели!
- Advertisement -