Научници го најавија почеткот на новата ера на лекување на Алцхајмерова болест откако клиничко истражување потврди дека нов лек го забавува когнитивниот пад кај пациентите во рани стадиуми од болеста.
Резултатите следуваат после децении неуспех на тоа поле и ти поттикнаа резултатите да изјават дека Алцхајмеровата болест, од која боледуваат околу 30 милиони луѓе во светот, може да се излечи!
„Ова е првиот лек кој дава реална шанса за лекување на пациентите со Алцхајмерова болест. Иако клиничките бенефити се донекаде ограничени, може да се очекува дека со тек на време ќе станат поочигледни“ вели Барт де Струпер, директор на британскиот Институт за истражување на деменција на Универзитетскиот колеџ во Лондон.
Лекот наречен „лекаменаб“ е терапија со антитела кои ги отстрануваат насобраните протеини во мозокот наречени бета амилоиди.Не е јасно колкава количина од тие протеини предизвикуваат Алцхајмерова болест, но кај пациентите со наследни форми на болеста изгледа дека се случуваат каскадни мозочни промени кои постојано ги уништуваат мозочните клетки.
Развојните програмери на лекот „лекаменаб“, компаниите Biogen во САД и Eisai во Јапонија, објавија врвни резултати од клиничко испитување во кое учествувале околу 1.800 пациенти во септември годинава, но научниците на тоа поле со нетрпение ги очекуваа целосните податоци кои беа објавени завчера во весникот New England of Journal of Medicine.
Тие покажаа дека лекот го намалува падот на вкупните ментални вештини на пациентите за 27% во текот на 18 месеци, што е скромен, но значаен резултат. Научниците велат дека ова е потврда за нова ера на модификација на лековите за Алцхајмерова болест. Ера која доаѓа после 20 години напорна работа на антиамилоидни имунотерапии од страна на многу луѓе на тоа поле и многу разочарувања на тој пат.
Алцхјамеровата болест ја имаат речиси 2/3 од 55 милиони луѓе кои живеат со деменција во светот, а исто така е водечка причина за смрт во Велика Британија, каде што пациентите обично умираат после 7 години од дијагностицирањето.
И покрај општата возбуда за резултатите, истражувачите истакнаа бројни проблеми кои би можеле да спречат одобрување на лекот. Прво, „лекаманаб“ е скап – чини од 10.000 до 30.000 фунти по пациент годишно – и има скромни ефекти, барем во текот на 18 месеци. Затоа не е јасно дали пациентите ќе забележат некаква корист. Не е јасно ни кога ќе го одобри Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи на Велика Британија и Националниот институт за квалитет на здравјето и заштитата, пренесува Guardian.
(Guardian)
(фото: Pxhere)