Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2022 година е 2.0 отсто.
Во третото тримесечје од 2022 година, најголем пораст е забележан во секторите – Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 11.8 %;
Во секторот Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна растот е 9.1 %, а во Финансиски дејности и дејности на осигурување 5.8 %.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2022 година, номинално расте за 18.2 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 71.2 %.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 27.2 %, а увозот на стоки и на услуги забележа пораст во номинален износ од 31.1 %.
Бруто-инвестициите во третото тримесечје од 2022 година бележат најголемо покачување во делот на промената на залихите, соопшто Државниот завод за статсистика.