Најнова топ листа на најскапи и наjевтини градови во светот!

- Advertisement -

Сингапур и Њујорк се најдоа на врвот на листата како најскапи градови за живот во 2022 година во годината одбележана од високата инфлација поради војната во Украина и понатамошните економски последици од пандемијата со Ковид-19.

Причината поради кои овие два града се најдоа на првото место е јакнењето на нивните домашни валути, како и високото ниво на инфлација, велат од аналитичкиот оддел на Економист, кои традиционално ја изработуваат оваа ранг-листа.

- Advertisement -

Јакнењето на американскиот долар придонесе во првите 10 градови со најголем раст на цените за живот да бидат дури шест американски градови. Сепак Москва и Сент Петерсбург имаат убедливо најголем раст во цената на живот оваа година, откако овие руски градови добија 16 индексни поени повеќе од лани. Како причина за овој раст се истакнува високиот раст на локалните цени предизвикани од санкциите на Западот по руската инвазија врз Украина. За споредба, третиот најголем раст во 2022 го има американскиот град Атланта, кој имаше поместување од само 3 индексни поени.

На дното на листата оваа година се најдоа сирискиот главен град Дамаск, либискиот Триполи и иранскиот Техеран.

- Advertisement -

Но, на листата на градови кои изминатава година имаат регистрирано најголем пад во цените на животот можат да се најдат некои градови познати во минатото по нивните високи цени. Стокхолм, главниот град на Шведска, Луксембург и Лион во Франција се трите градови кои имаат најголем пад во споредба со минатата година.

Генерално во 2022 година цените низ светот пораснале за 8,1% просечно во најголемите светски градови. Ова според Економист е најбрзо ниво на раст на цените во последниве 20 години. Високо ниво на инфлација било регистрирано во Истанбул, Буенос Аирес и Техран, но највисока инфлација имало во Каракас во Венецуела, каде цените за една година пораснале за 132%.

- Advertisement -

Извор – Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -