Одењето наназад е многу добро за нашето здравје

- Advertisement -

Одењето е активност која нам ни доаѓа по автоматизам, не бара свесен напор, посебна опрема, а особено не членство во теретана. Можеби тоа е една од причините зошто одењето го земаме здраво за готово и не сме свесни за бенефитите кои ги има одењето за нашето здравје. Но, што ако престанеме да одиме на вообичаен начин, односно почнеме да го предизвикуваме нашиот мозок и почнеме да одиме наназад?

Освен што ќе биде потребно поголемо внимание, може да има и дополнителни бенефити по здравјето. Тоа го тврди Џеј Мекнамара од Универзитетот Ист Лондон. Тој вели дека без оглед на тоа дали сме редовно физички активни или не, дури и брзото десетминутно шетање дневно може да донесе многу корисни работи по здравјето и е препорачаниот минимум на Светската здравствена организација од 150 минути аеробна активност неделно.

- Advertisement -

Сепак, одењето е покомплицирано отколку што ние мислиме. За да одиме исправени, вели Мекнамара, потребна е координација меѓу визуелниот, вестибуларниот и проприосептивниот систем. Кога одиме наназад, пак, на нашиот мозок му треба дополнителна координација на тие системи. Меѓутоа, поголемиот предизвик со себе носи и повеќе здравствени предности, вели британскиот експерт.

Подобрувањето на стабилноста и рамнотежата е една од тие добро проучени предности на одењето наназад. Одењето наназад може да го подобри и нормалното одење и рамнотежата кај здравите луѓе, како и кај тие со остеоартритис на колената. Одењето наназад поттикнува пократки, почести чекори, што доведува до подобрување на издржливоста на мускулите на потколеницата, а истовремено го намалува отповарувањето на зглобовите, објаснува Мекнамара.

- Advertisement -

Додавањето промена во наслонот или падот може да го смени распонот на движења за зглобовите и мсукулите, што значи ќе се олесни болката во болести како пнатарни фасцитис, односно една од најчестите причини за болка во стапалата. Промената на држењето на телото кога се оди наназад исто така вклучува повеќе мускули кои ја потпираат карлицата, што значи дека одењто наназад може да биде посебно корисна вежба за луѓето со хронични болки во долниот дел од телото. Одењето наназад дури се користи за препознавање и лекување на рамнотежата и брзината на одење кај луѓе со невролошки проблеми или после хроничен мозочен удар, вели Мекнамара.

Но, бенефитите од одењето наназад не се само терапевтски. На пример, тоа може да биде многу поефикасно за намалување на телесната тежина отколку нормалното одење, а исто така помага и за контрола на телесната тежина. Енергијата што се троши кога се оди наназад е 40% поголема отколку одењето нормално.

- Advertisement -

(The Conversation)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -