Научници од Ајова, САД, развија универзална вакцина за грип, која е ефективна против сите 20 досега познати видови на грип. Оваа вакцина ќе му помогне на човештвото и да се одбрани од сите нови опасни типови на грип кои може да се појават во иднина и пред тие да се претворат во пандемија. Вакцината веројатно ќе може да почне да се користи во наредните две години.
Секоја година од грипот сериозно заболуваат 3-5 милиони луѓе, а 650.000 луѓе и умираат од грип. Вакцините за грип кои се даваат денес се наменети само за одреден тип на грип и секоја година врз основа на тоа кој тип на грип преовладува се избира една која ќе ја примат сите.
Но, на тој начин не се добива заштита од сите други типови, ниту против новите кои може да се развијат. Универзалната вакцина се базира на истата mRNA технологија како и некои од вакцините за КОВИД-19. Го содржи секој познат тип на грип.
Докторите веруваат дека годинава светот ќе биде погоден од многу сериозна и тешка форма на грип. На пример, во Австралија веќе е забележана најголемата епидемија на грип во псоледните 5 години, а тоа може да биде предзнак за тоа што допрва ќе се случува зимава на северната хемисфера.
(World Economic Forum)
(фото: Pixnio)