Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите покажуваат анализите на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија. Согласно податоците, 244 киловатчаса (kWh) изнесувала просечната потрошувачка на електрична енергија од 1 јули заклучно со 31 октомври во висока тарифа, што е за 16,32 отсто помалку во споредба со истиот период од минатата година кога просечната потрошувачка изнесувала 281 киловатчаса (kWh).
„Реформата е успешна, блок тарифите даваат резултати и ја постигнуваат таргетираната цел за рационално користење на електрична енергија. Принципот кој троши повеќе да плаќа повеќе, а кој троши помалку, да плаќа помалку – има ефект и тоа го покажуваат анализите на просечната потрошувачка на електрична енергија во висока тарифа каде се регистрира за 16,32 проценти заштеда во потрошувачката одкако ги воведовме блок тарифите од 1 јули до 31 октомври“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.