На 14 декември конференција “Жени претприемачки” и изборот за “Жена на годината 2022”

- Advertisement -

На 14 декември 2022г., по јубилеен 5-ти пат ќе се одржи конференцијата “Жени претприемачки” во чиј склоп по трет пат ќе се доделат и лауреатитие од изборот “Жена на годината” за жените кои ја одбележаа годинава што изминува.

Настанот чија главна мисија е да ја слави ЖЕНАТА, ќе се одржи во “Музејот на македонската борба” во Скопје и во конференцискиот дел е предвидено да учествуваат неколку гости презентери кои пред присутните ќе говорат на специфична тема во афирмација на жените во бизнисот и жените воопшто, нудејќи сопствени знаења, искуства и совети од различни бројни животни и бизнис ситуации.

- Advertisement -

Имињата и темите на овогодинешните говорници може да се следат на ФБ страната: https://www.facebook.com/pretpriemachki , каде редовно се објавуваат новости поврзани со настанот.На настанот вообичаено присуствуваат преку 200 жени од различен беграунд кои меѓусебе разговараат, се запознаваат и споделуваат секакви искуства. 

Сподели!
- Advertisement -