ДЕМО ден на програмата Aspire Balkans

- Advertisement -

Во текот на минатиот месец се одржа втората презентација, Демо Ден на програмата Aspire Balkans во Приштина во Косово. Aspire Balkans е пре- асцелераторска програма чија цел е да се креира заедница на жени претприемачки кои доаѓаат од балканските земји, и кои сакаат да изградат стартапи од нивните иновативни идеи. Оваа програма има за цел да изгради мрежа на женски бизниси која ќе ги поврзе и ќе ги поттикне креативните жени од регионот да бидат претприемачи и лидери, да соработуваат и да се зајакнуваат меѓусебно.

- Advertisement -

Програмата се води заедно во партнерство на иста програма во Израел, Аспире, чије седиште се наоѓа во AtoBe асцелераторот во Азриели Колеџот во Ерусалим, Израел.

Министерство за надворешни работи на Израел ја поддржа и овој пат програмата, со здружена соработка од двете Амбасадорки, Амбасадорката на Израел во Македонија, Симона Франкел и Амбасадорката на Израел во Косово, Тамар Зив.

- Advertisement -

Во отворениот повик на програмата, поглавје Македонија/Косово втор циклус, пристигнаа 46 апликации за само една недела. 13 финалисти презентираа во Косово од кои двете највисоко рангирани заминаа на студиска тура за иновации во Израел.

Жирито го сочинуваа Лиора Каспи, извршена директорка на M&C Dynamic Teams, Израел, Зана Шеху Будима, Country Mенаџерка во SQA Consulting SEE, Косово и Ивана Станковиќ, Investment Facilitator во SwissEP, Македонија.

- Advertisement -

Демо презентациите беа дел од активностите на глобалната недела на претприемништво.

Програмата веќе има планирани бројни активности поврзани со посебни сесии за развој и помош на учесничките во следниот период и проширување на активностите во 2 нови земји за наредната година како и посебен развој на програмата во Македонија.

Сподели!
- Advertisement -