ИНО ФАБ ЛАБ го отвори повикот за млади на возраст од 15-29 години за учество во работата на првиот Фаб Лаб во нашата земја!
ИНО ФAБ ЛАБ, лабораторијата за производство и прототипирање, лоцирана на Технолошко-металуршки факултет во Скопје, е опремена со најнова генерација на 3Д печатари, ЦНЦ машина за дрво, метал и пластика, линија за рециклирање на пластика и преса за композитни материјали. Овде младите, работејќи во тимови, разработуваат иновативни идеи и ги реализираат до фаза на прототип.
Кој може да аплицира?
Сите млади од земјата на возраст од 15 до 29 години. Нема ограничување во однос на местото на живеење и образовната институција каде што се образуваат.
Како ќе се одвива работата во ИНО ФАБ ЛАБ?
Работата ќе се одвива во тимови од 4 до 8 лица, од кои најмалку 40% треба да бидат женски лица. Тимовите ќе бидат менторирани од професори, иноватори и инженери/експерти од различни индустрии. Работата на еден проект ќе трае од 2 до 4 месеци, а добиениот прототип ќе биде презентиран на настан пред стручната и инвеститорска заедница.
Пријавувањето е отворено од 06 декември 2022 до 30 јануари 2023 година на следниот ЛИНК.
За сите дополнителни прашања контактирајте не на следната е-меил адреса: innofablabmk@gmail.com