Форбс: Охрид меѓу петте најпотценети градови на Балканот

- Advertisement -

Угледниот магазин „Форбс“ објави листа на петте најпотценети градови на Балканот.

Балканскиот Полуостров, опремен со живописни плажи, прекрасни планини и низа антички знаменитости за истражување – пишува „Форбс“, е совршен за истражување и одмор, а изобилува со бројни неоткриени и неистражени убавини.

- Advertisement -

Некои градови забележаа раст на туризмот во последните години, а за нив пишуваа и светските медиуми. Сепак, има многу други дестинации со слични неверојатни карактеристики за кои многу туристи никогаш не ни слушнале.

Меѓу петте најпотценети градови е и Охрид, македонскиот бисер покрај Охридското Езеро.

- Advertisement -

Освен Охрид, на оваа листа на „Форбс“ се најдоа и Добој (БиХ), Варна во Бугарија, Берат во Албанија и Ниш во Србија.

(Denar.mk)

- Advertisement -

(фото: Hippopx)

Сподели!
- Advertisement -