Два роботи им помагаат на вработените во болница во Словенија

- Advertisement -

Словенечката општа болница во Градец доби нов робот, кој заедно со својот претходник им помагаат на вработените во физички захтевните задачи. Станува збор за ист робот како тој што веќе се користи во болницата, а е донација на компанијата Viptronik и австриски Sumetzberger. Моментално и двата роботи се наменети за превоз на фармацевтски материјал, а вредноста на дпнацијата е неколку илјади евра.

Новиот автономен робот по изгледот и по функционалноста е идентичен со претходникот, кого во болницата го викаат Девџеј и се користи веќе неколку месеци. И двата роботи ќе ја вршат истата работа, а тоа е превоз на фармацевтски материјал од болничката аптека до некои одделенија. Еден робот може да превез до 250 кг товар.

- Advertisement -

„Донацијата помага во реализацијата на визијата која ја има општата болница во Градец, а тоа е дигитализација или роботизација на болницата. Технолошките трендови и иновации се двигател на развојот и конкурентноста, но и нови предизвици кои ќе ги подобрат условите за работа и безбедноста на работноот место. Сето тоа со цел подобра медицинска грижа за пациентите“ велат од болницата.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Negative Space)

Сподели!
- Advertisement -