Покрената истрага против компанијата за мозочни импланти на Илон Маск

- Advertisement -

Neuralink е една од компаниите на Илон Маск која може да го револуционизира начинот на кој живееме со вградување чипови во мозоците на луѓето. Маск и неговиот тим се надеваат дека со тие чипови ќе им помогнат на луѓето со тешки повреди на рбетот повторно да проодат. Нивните импланит, како што вели Маск, би ги премостувале сигналите мешу мозочните клетки и ќе ги надминат физичките тегоби.

Како ќе изгледа тоа во пракса ќе видиме за неколку месеци, за кога Маск најави да почне тестирањето на луѓе. Додека уште чекаме на првото такво тестирање, досега се направени бројни тестирања на животни, но изгледа дека тимот на Neuralink не се придржувал до етичките стандарди за такви тестирања, односно тоа ќе се потврид со истрагата која е покрената против нив во САД.

- Advertisement -

Истрагата ја започна Министерството за земјоделство, а причините ги објави Reuters, чии новинари добиле увид во документите за начинот на спровеудвање на тестирањата. Имено, спроед тие документи, вработените во Neuralink не биле задоволни со забрзаното тестирање на животни затоа што тие умирале во непотребна агонија.

Убиени биле околу 1.500 животни – овци, свињи и мајмуни. Нагласуваат дека Neuralink успешно ги има поминато сите инспекции на тоа министерство дека со тестирањето на животни не се крши ниеден закон. Но, она што е проблематично е тврдењето на вработеите дека Илон Маск вршел притисок врз нив да го забрзаат развојот на технологијата, што резултирало со неуспешни експерименти и поголема смртност кај животните.

- Advertisement -

Според медиумите, Маск ги мотивирал вработените така што им веле да замислат дека имаат бомба прикачена на главата за да им објасни колку му е итен проектот, а им се заканувал со затворање на компанијата во случај да не успеат во тоа.

(Engadget)

Сподели!
- Advertisement -