Револуционерен лек ќе го смени начинот на кој се бориме против ракот на дојка

- Advertisement -

Доктoрите секогаш велат дека подобро е да се спречи отколку да се лечи, односно ако ракот се открие што порано, толку лекувањето е пократко и поуспешно. Но, лекот кој тукушто ја заврши третата фаза од тестирањето може целосно да го смени начинот на кој се лекува една од најчестите форми на рак – ракот на дојка.

Како што презентираа на симпозиум за рак на дојка во Сан Антонио, овој револуционерен лек не само што го стопира напредокот на ракот на дојка, туку ја намалува и големината на туморот. Во комбинација со хормонска терапија, лекот „капивасертиб“ овозможи во просек седум месеци ремисија на болеста кај најголем дел од испитаниците. За споредба, моментално достапните лекови и терапии можат да осигураат отприлика три и пол месеци ремисија.

- Advertisement -

Во третата фаза од клиничкото испитување, во која учествувале над 700 испитаници, лекот го земале во форма на табелти двапати дневно, четири дена недлено. Конечните резултати покажале наалување на големината на туморот за 1/4, намалување на ризикот од напредок на болеста за 40%, а состојбата не се влошила над седум месеци.

Докторите се многу оптимиситчни и сметаат дека овој лек, ако дојде во редовна употреба, може да доведе до пресврт во начинот на лекување на пациентите кај кои ракот на дојка се проширил на други делови од телото и кои веќе ги поминале сите традиционални терапии.

- Advertisement -


Како што појаснуваат од компанијата AstraZenecа, која стои зад овој лек, станува збор за целосно нов вид на лек кој функционира поинаку од постојните терапии за лекување на рак на дојка. Имено, „капивасертиб“ го исклучува клеточниот прекинувач кој го поттикнува растот на ракот. Овие податоци го покажуваат потенцијалот на лекот како нов терапија, а што е најбитно, овој третман го одлоува напредокот на болеста кај оние чиј рак напредувал или станале отпорно на ендокрина терапија и CDK4/6 инхибитори.

Резултатите се толку ветувачки што од AstraZenecа се надеваат дека наскоро можат да го предадат на британскиот регулатор на ревизија и да побараат одобрение за користење на овој лек во лекувањето на рак на дојка. Според моментално достапните податоци, нуспојавите при користење на лекот биле ограничени на појава на осип и дијареја.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -