Вработените во Велика Британија ќе имаат право да бараат скратено работно време или аранжмани за работа од дома од првиот ден на новото работно место. Тоа е дел од мерките за промовирање на флексибилната работа кои Владата ги донесе во понеделникот.
Кевин Холинрејк, министер за мали компании, вели дека без размислување треба да се прошири постојното право за барање флексибилно работно време после 26 недели работа кај нов работодавец затоа што тоа ќе им помогне на луѓето да направат рамнотежа меѓу работата и приватниот живот.
Мерките кои ќе бидат спроведени преку подзаконски акти ќе им овозможат на вработените и да поднесат две флексибилни барања за работа во кој било период од 12 месеци наместо еден, колку што е моментално возможно. Исто така, ќе се крати рокот за одговор од работодавецот, а вработените ќе можат и да бараат од работодавците да ги истражат сите опции пред да го одбијат барањето.
Овие промени се напредок во однос на моменталната ситуација, во која многумина кои мора да ја усогласат работата со семејните обврски се борат да најдат нова работа или да го сменат работодавецот, затоа што работните места ретко кога се огласуваат како флексибилни и не можат да чекаат шест месеци за да поднесат барање кое може да биде одбиено.
Меѓутоа, активистите на кампањата велат дека предлозите сепак не одат толку далеку колку што се надевале. Тие тврдат дека работодавците имаат слобода да го одбијат барањето за флексибилна работа и да немаат обврска да размислат како може да се прилагодат позициите пред да се вработат работници.
Како што велат надлежните, овие права се мал чекор напред во вистински правец и дека на работнциите им е потребно законско право да работат фелксибилно од првиот ден на работа, а не само право да прашаат.
Истражувањето кое минатата недела го објави Timevise, консултант за флескибилни работни места, покажаа дека само места кои нудат каква било форма на флексибилна работа.
(Bizlife)
(фото: Wikimedia)