Одобрен првиот лек за дијабетес кај животни

- Advertisement -

Американската Агенција за храна и лекови пред неколку дена го одобри лекот „бексакет“ на компанијата Elanco Animal Health Inc за мачки со дијабетес, со што стана првиот орален лек во светот одобрен за таа болест кај животни.

„Бексакет“ помага подобро да се контролира шеќерот кај инаку здрави мачки со дијабетес, кои претходно не се лекувани со инсулин. Компанијата за здравствена заштита на животни очекува лекот да биде достапен за американските ветеринари во првиот квартал од 2023 година.

- Advertisement -

Се проценува дека околу 600.000 мачки во САД имаат дијагностициран дијабетес, а истражувањата покажуваат дека речиси 125.000 мачки не се екуваат поради сложеност на денешните опции.

На мачките со дијабетес честопати им треба доживотна терапија и традиционално се лекуваат со комбинација на инсулин и правилна исхрана. Без соодветна терапија мачките со таа болест покажиуваат симптоми на жед и често мокрење, губат тежина и имаат зголемен апетит.

- Advertisement -

„Бексакет“ како можна нуспојава може да има кетоацидоза, односно потенцијално смртоносен проблем кој предизвикува телото во потрага по извори на енергија да почне да разградува маснотии со огромна брзина. Затоа сите мачки кои ќе примаат „бексакет“ во почетокот мора да имаат редовни контроли на крвта за да се провери безбедноста на лекот.

Податоците од двете теренски студии кои се направени досега покажале дека лекот има над 80% ефикасност во подобрувањето на контролата на шеќерот кај мачките. Лекот не смее да се користи кај мачки кои претходно биле лекувани со инсулин или кај мачки кои имаат дијабетес зависен од инсулин затоа што може да дојде до сериозни нуспојави.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Negative Space)

Сподели!
- Advertisement -