Денес се отвори Штип Сити Мол

- Advertisement -

Странски и домашни брендови, ресторан, игротека, козметика, богати содржини, на едно место, во исто време, од денес достапно за штипјани и жителите од Источна Македонија.

„Штип Сити Мол се простира на површина од 12.750 м/к со околу 30 брендови коишто ги отвараат широко вратите за посетителите. Денес овде има многу луѓе коишто со нетрпение очекуваат да влезат во објектот и ние сме пресреќни што гледаме толку народ,“ вели менаџерот на ШСМ, Давор Кузманов.

- Advertisement -

Новиот трговски центар на граѓаните, ќе им пружи квалитетно шопинг искуство по светски стандарди, место за забава и дружење, и ќе претставува вистинска регионална атракција и место за уживање на целото семејство.

„Штип Сити Мол како прв и единствен трговски центар од ваков тип во источна Македонија започна да се гради на 19 декември 2020 година. Еве денес за неполни две години, овој грандиозен објект е пуштен во употреба. Нудиме вработувања на околу 300 луѓе од источна Македонија, што значи оваа инвестиција е од големо значење како за Штип, така и за целиот источен регион,“ додаде Кузманов.

- Advertisement -

Извор- mms.mk

Сподели!
- Advertisement -