Предадени клучевите на првите станари на Diamond Garden by Adora

- Advertisement -

Комплексот Diamond Garden by Adora во Тафталиџе, во скопски Карпош, ги доби првите станари. Тие вчера ги добија клучевите од нивниот нов дом, како и кутиите со симболични подароци кое содржи Упатство за квалитетно домување со корисни информациии, препораки и совети.

Како што објавија од Адора Инженеринг, со овој последен чин во купопродажбата на недвижноста, Diamond Garden by Adora почнува да живее со своите жители кои ќе ги уживаат најновите придобивки на зеленото домување како светски тренд, според последните стандарди на урбаната архитектура.

- Advertisement -

Уникатноста на овој ексклузивен станбено-деловен комплекс е што зелено-сините нијанси на смарагдот и структуралната фасада налик на скапоцениот дијамант од надворешноста, се надополнува со најголемата внатрешна градина во Југоисточна Европа со декор од 5,5 тони зеленило, што ги исполнуваат сите хоризонтални нивоа и целата вертикална висина во двата атриуми.

- Advertisement -

Објектот со атрибути на вистинска урбана оаза за квалитетно и релаксирано домување, го воведе Boutique Real Estate концептот во Македонија, што веќе е препознаено во светски рамки.

- Advertisement -

Дополнително, комплексот Diamond Garden овој месец доби и сертификат за енергетски карактеристики на згради А-класа. Со овој документ популарно познат како „Енергетски пасош“, издаден од лиценцираната фирма Делта Проект ДОО, и официјано се верифицира одличната топлинска изолација на објектот, кој со показателот 21,07 kWh/m²a е за 4 коефициенти над горната граница за енергетска ефикасност А-класа.

Сподели!
- Advertisement -