Се подготвува првиот глобален договор за борба против идните пандемии

- Advertisement -

Преговорите за првиот нацрт глобален договор за подобра борба против идните пандемии ќе почнат на крајот на март 2023 година, објави Светската здравствена организација. 194 држави-членки на СЗО на тридневен состанок во Женева се сложија да се направи првиот нацрт правно обврзувачки договор, осмислен да го заштити светот од идните пандемии, се вели во соопштението за јавност.

За овој концептуалем прелиминарен нацрт-договор за пандемиите државите-членки ќе дискутираат на 27 март 2023 година, велат од СЗО. Најавата доаѓа само неколку дена после третата годишнина од појавата на КОВИД-19 во Кина, пред да се прошири вирусот во целиот свет и да ја предизвика најлошата пандемија во ова столетие.

- Advertisement -

Пандемијата предизвика милиони смртни случаи и ја откри нееднаквоста во пристапот до здравствена грижа и лекови. Освен тоа, пандемијата уште не е завршена. Канцеларијата на меѓувладиното преговарачко тело, која се состои од по еден избраник од шест региони на СЗО, ќе биде одговорна за изработка на текстот или нулта-нацртот, кој ќе служи како основа за преговорите на државите-членки на СЗО. Членките на СЗО едногласно покренаа процес на пронаоѓање на договор за борба против пандемијата на крајот на 2021 година.

Планирано е правно обврзувачкиот текст да биде говор пролетта 2024 година.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -