Денес се одржува словенечко-македонски форум за економска соработка

- Advertisement -

Словенечко-македонски форум за економска соработка денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Друштвото на словенечки и македонски стопанственици и Стопанската комора на Северна Македонија по повод  30 години економска соработка меѓу двете држави.

На бизнис форумот ќе учествуваат и министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за стопанство и технолошки развој на Република Словенија, Матјаж Хан.

- Advertisement -

Министерот Бектеши ќе се обрати на Панел дискусијата насловена „Стратешки области на соработка помеѓу двете економии“. 

Сподели!
- Advertisement -