Очила за виртуелна реалност ви овозможуваат да се бакнувате на далечина

- Advertisement -

Можете ли да замислите да бакнувате некого кој се наоѓа со километри подалеку од вас? Тоа беше возможно на некои од научно-фантастичните филмови, а од мај годинава тоа е возможно и во реалноста благодарение на иновацијата на Future Interfaces Group од Универзитетот Карнеги Мелон.

Нивните очила за виртуелна реалност го рекреираат чувството на топир на лицето на тој што ги носи, како на пример бакнеж на устата, без да се става нешто на тој дел од лицето и устата.

- Advertisement -

Оваа импресивна иновација функционира на принципот на ултразвучни конвертотир. Крис Харисон, професор на Школата за компјутерски науки при Универзитетот и директор на Future Interfaces Group, вели дека најголемиот ефект на оваа иновација е тоа што поттикна дискусии за создавање вакви уреди кои ќе реплицираат чувство на допир и на други делови од телото, на што многу компании ги фоксуираат своите истражувања и развој.

Хаптиката се однесува на науката и технологијата за пренесување и разбирање на информациите преку допир. Харисон вели дека оваа гранка ќе стане исклучително битна во иднина. Според него, ако сакаме да имаме искуство на целосно потонување и вклопување во мета универзумот, мора да размислуваме холистички за нашите тела.

- Advertisement -

На нивната страница истражувачите објаснуваат како создале тенок, компактен слој на ултразвучни конвертори, кои може да се интегрираат во идните сетови очила и ефективно, практично и реалистично да креираат чувства на лицето.

„Ние користиме хардвер кој ја фокусира акустичната енергија од воздухот врз лицето и на усните, со што создаваме чувство на тапкање и постојани вибрации. Освен усните, нашите ефекти може да се почувствуваат и на јазикот и на забите. Вкупниот ефект е убедливо реалистичен“ велат тие истражувачите.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -