Oва се 10-те победнички во изборот „Жена на годината 2022“

- Advertisement -

Во енергична и мотивирачка атмосфера со многу позитивна енергија денес, во „Музејот на македонската борба“ во Скопје, се одржа прогласувањето на победничките во македонскиот избор на „Жена на годината 2022” (www.zenanagodinata.mk), во рамки на конференцијата „Жени претприемачки“.

Изборот на победничките се одвиваше во неколку фази. Најпрво, во онлајн номинирањето кое беше отворено за целата домашна јавност учествуваа 402 луѓе, а дамите со најмногу номинации формираа листа од 50 финалистки во вкупно 10 категории. За нив потоа гласаше жири-комисија составена од претставници на медиуми, компании, образовни институции и истражувачки агенции.

- Advertisement -

Лауреатот македонска Жена на годината го понесе актерката Слаѓана Вујешевиќ која го оживува ликот на „Биби“ од мега-популарната детска цртана серија „Светот на Биби“. Вујошевиќ е театарска, филмска и телевизиска актерка, со неколкугодишна интернационална кариера.

Во продолжение, следува листата со овогодинешните победнички во сите категории од изборот „Жена на годината 2022“:

- Advertisement -
  • Жена на годината – Слаѓана Вујошевиќ
  • Жена со трајни вредности – Виолета Томовска
  • Жена менаџерка на годината – Билјана Караманолевска
  • Жена млада менаџерка на годината – Светлана Кордумова
  • Жена со најголеми достигнувања во науката и технологијата – Мартина Димовска
  • Жена со најголеми достигнувања во културата – Пламенка Трајковска
  • Жена со најголеми достигнувања во спортот – Оливера Наковска Бикова
  • Жена со најголеми достигнувања за општеството – Ребека Јанковска-Ристески
  • Жена со најдобар стил – Дита Старова Ќерими
  • Инфлуенсерка на годината – Александра Шијакоска

Целта на изборот „Жена на годината“ е да се оддаде признание на дамите кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и остваруваат забележителни резултати во годината што одминува.

Во конференцискиот дел на настанот се одржаа предавања на Ирена Јакимова, Марио Јовановски, Вера Мештеровиќ и Наташа Дуковска, кои пред присутните ја споделија својата приказна и искуствата кои ги доживеале во нивната претприемачка експедиција, препреките со кои се соочиле и начините на кои успеале да ги надминат.

- Advertisement -

Организатори на „Жена на годината“ се Маркетинг365 и Касиа Евентс, а настанот е поддржан од Империал Тобако, Шпаркасе банка, БАС, Фабу спот, Фит Кит, Раде Кончар ТЕП, Семос Едукација, Нептун, Енерџи студио, Кариера.мк, Инекс Олгица, Пакомак, Биромаркет, Pageland, Пивара Скопје, Мебел Ви, Генерали Инвестментс, Среќа бар & фуд и Нестле Профешионал.

Сподели!
- Advertisement -