Google го менува начинот на пребарување на содржини

- Advertisement -

Најпознатиот интернет пребарувач доби нова димензија. Освен повремнеи козметички измени на почетната страница, промените во пребарувањето поминуваат низ ригорозен процес пред да се имплементира што било. Во текот на 2021 година Google спроведе повеќе од 700.000 експерименти кои резултираа со 4.000 подобрувања на пребарувањето.

Традиционалниот начин на пребарување на кој сме навикнати подразбираше организација на веб сајтовите по страници. Тоа значи дека кога ќе прелистате одредена количина информации и стигнете до дното на листата, мора да кликнете на следниот број на страница ако сакате да ги видите дополнителните, пониско рангирани страници.

- Advertisement -

По новиот систем резултатите од пребарувањето повеќе нема да бидат групирани по страници, туку се ќе биде достапно и прикажано преку една главна страница која корисницкот ќе може да ја листа до недоглед. Ако дојдете до крајот на самата листа, автоматски ќе се вчитува нов ккомплет на веб-страници.

Оваа листа нема да е бесконечна, туку корисниците ќе можат да се движат низ содржините кои инаку би биле на шест посебни страници. Потоа се појавува копчето „Вчитај повеќе“.

- Advertisement -

Откако ваквото непрекинато листање се најде на мобилните телефони во октомври минатата година, опцијата сега е достапна и на декстоп уредите во Америка, додека за останатите корисници промените ќе пристигнат во наредниот период.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -