Apple претстави три нови компјутери со сопствен M1 процесор

- Advertisement -

Apple претстави три нови Mac компјутери кои имаат целосно нов процесор – процесорот M1 procesor. Станува збор за Mac mini, MacBook Air и MacBook Pro, уреди кои наместо процесор на Intel, сега имаат процесор на Apple.

Новиот процесор нуди подобри перформанси, но има едно ограничување – меморијата. Apple порачува купувачите кои сакаат нов Mac со повеќе од 16 GB RAM да купат постар модел со процесор на Intel затоа што засега нивниот нов процесор не може да поддржи толкава меморија.

- Advertisement -

Овој факт може да разочара некои професионални корисници кои сакаат да купат нови лаптопи или нов Mac mini на Apple затоа што само моделите базирани на технологијата на Intel може да поддржат 32 GB RAM. Нешто слично се случи и пред четири години со MacBook Pro, кога Apple ја ограничи меморијата за да ја зачува трајноста на батеријата.

Новиот M1 е осмојадрен процесор базиран на 5nm технологија, кој има четири јадр асо високи перформанси за кои Apple тврди дека се најбрзи на пазарот, а има и четири јадра со висока ефикансост за некои обични задачи. MacBook Air чини 999 долари во САД, има сличен дизајн како претходниот модел, но нема вентилатор, па затоа работи потивко. Поради M1, MacBook Air и до 15 часа подолго траење на батеријата кога се сурфна на интернет, односно до 18 часа кога се гледаат видеа. Тоа значи дека батеријата трае 6 часа подолго отколку на стариот модел.

- Advertisement -

Новиот MacBook Pro во САД чини 1.299 долари. Овој модел иа внетилатор за подобри перформанси, поврз е 2,8 пати, има 5 пати подобри графички перформанси. Може 17 часа да сурфа на интернет или 20 часа да пупта видеа со едно полнење на батеријата. Тоа е дупло повеќе од претходно.

Mac mini исто така го доби процесорот M1, а цената во САД му е 699 долари. Има вентилатор и е трипати побрз од претходната верзија, додека графичките перформанси се шестпати подобри.

- Advertisement -

Новите уреди го користат macOS 11 Big Sur, што ќе им овозможи прв пат во историјата да користат апликации за iPhone и iPad. Сите три ноди Mac компјутери ќе се најдат во продажба од 17 ноември.

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -