Банката на Англија ги претстави банкнотите со ликот на кралот Чарлс

- Advertisement -

Банката на Англија денес ги претстави банкнотите со ликот на кралот Чарлс, кои се очекува да почнат да се користат на средината на 2024 година. Дизајнот по прв пат се открива во пресрет на неговото крунисување во мај 2023 година. Централната банка на Обединетото Кралство откри дека портретот на нивниот монарх ќе се појави на постојните дизајни за сите четири полимерни банкноти кои веќе се користат 5, 10, 20 и 50 фунти.

Сликата на кралот ќе ја има на предниот дел од банкнотите, како и на малиот провиден прозорец. Банкнотите со ликот на кралицата Елизабета Втора исто така ќе продолжат да се користат, што значи дека за јавноста во оптек ќе бидат и старите банкноти. Со цел да не се загадува околината, планирано е да се испечатат нови банкнтои кои ќе ги заменат само најстарите, кои повеќе не може да се користат и да се задоволи моменталната потреба од банкноти.

- Advertisement -

Со ова кралот Чарлс е вториот англиски монарх кој се нашол на банкнота на Банката на Англија. Иако Банката на Англија произведува хартиени пари од 1600-тите години, по прв пат во 1960 година лице на монарх се најде на една од тие банкноти – банкнотата од 1 фунта со лицето на Елизабета Втора. На монетите, пак, има ликови на монарх со векови наназад.

Лицето на кралицата Елизабета го има и на бакнотите од 20 долари во Канада, на монети во Нов Зеланд и во некои земји од Комонвелтот.

- Advertisement -

(The Guardian)

(фото: Bank of England)

Сподели!
- Advertisement -