Многу корисници, но и огласувачи и акционери не се одушевени со новиот начин на управување на Илон Маск. Неговите први мерки откако го презеде Twitter за многумина се претерани, а коментарите по интернет велат дека би му било попаметно да се занимава со ракети за патување на Марс, отколку со социјалната платформа.
Очигледно и самиот Маск видел дека неговото управување со Twitter досега не е премногу успешно, па почна анкета во која ги праша луѓето дали треба да отстапи од местото шеф на компанијата. Во анкетата учествувале околу 17,5 милиони луѓе, а 57% од нив велат дека треба да замине од чело на компанијата, а 42,5% да остане.
Со оглед на тоа дека Маск рече дека ќе ги почитува резултатите од анкетата, тоа би требало да значи дека ќе отстапи од местото шеф на Twitter и своето место ќе го препушти на некој друг. Маск засега уште ги нема коментирано резултатите од анкетата, па треба да почекаме да видиме дали е сериозен или ова е една од неговите чудни шеги.
Ако навистина се повлече од чело на компанијата, треба да очекуваме дека ќе распише конкурс за нов шеф или веќе знае кого ќе именува.
(Vidi.hr)
(фото: newsprima.it)